Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Кузмановски, ги направи првитечекори во својот нов тим, прославениот германски бундеслигаш Магдебург. Традиционално на почетокот на сезоната, тој се појави на редовните здраствени контроли кои ги спроведува тимот, заедносо неговите нови соиграчи.

Кузмановски се пресели во Магдебург минатата недела и најави дека се чувствува како нов.

„Немав толку многу време за да го запознаам градот, но она што го видов досега, ми се допаѓа многу. Мислам дека Магдебург е одличен град. Мојата девојка и јас само што го средивме станот и знам дека ќе се чувствуваме многу пријатно тука“.

За очекувањата и нетрпението до првиот меч, нашиот репрезентативец вели:

„Сакам да бидам дел од тимот што е можно поскоро. Веќе научив неколку зборови на германски и ќе се трудам да го совладам што побрзо“.