Со нова формација, до прва победа. Вака некако може да се опише првиот триумф на Челзи под водство на Френк Лампард.

Попладнево „сините“ на турнејата во Ирска славеа над екипата на Ст. Патрикс со 4:0 и покажаа дека полека влегуваат во филозофијата на игра на новиот стратег. Лампард на местото на она ригидна 4-3-3 формација на Сари, тргна со формација „Дијамант“, која веројатно ќе биде негово оружје во новата сезона.

Головите во победата на „сините“ беа дело на Маунт и Емерсон во првото и два гола на Жиру во второто полувреме на средбата.