На Ромелу Лукаку дефинитивно му се броени деновите. Белгијскиот напаѓач не се најде во составот на Манчестер Јунајтед за дуелот со Перт Глори во рамките на подготовките за новата сезона.

Добро е познато дека норвешкиот стратег, Оле Гунар Солскјер нема да смета на него, по оние разочарувачки партии во дресот на „црвените ѓаволи“.

Лукаку беше на мета на Милан, но трансферот брзо пропадна. Челниците на Јунајтед за услугите на фудбалерот ќе бараат 75 милиони фунти, сумата за која го откупија од Евертон пред две години.