Од вчера пуштени во продажба се билетите за натпреварот на нашиот шампион со Номе Калју, реваншот од 1.квалификациско коло, кој се игра во Скопје во вторник. Цената на билетите е 300 денари а ги има во неколку продажни места во Тетово, Гостивар и Скопје. Шкендија има добар резултат од првиот меч, реваншот веројатно ќе биде само формалност, но ова нека биде само загревање на спектаклот со Селтик.