Познато е дека Карл – Хајнц Румениге, првиот човек на Баерн Минхен секогаш го кажува тоа што го мисли, а посебно кога станува збор за тренерите. Откако и дефинитивно се знае дека Нико Ковач ќе ги води  „баварците“ и во наредната сезона, Румениге за еден од тамошните медиуми ги искажа амбициите на клубот за сезоната 2019/2020…

„Како прво сакаме и осма година по ред да бидеме прваци на Германија. Но овој клуб е „гладен“ по успех во Лигата на Шампионите, последен пат најдобар во Европа беше во 2013 година.  Во историјата на Баерн Минхен која е долга 119 година само еднаш ја освоивме тројната круна, и тоа во таа 2013 година. Без разлика колку е тешко, но двојната круна во Германија и плус ЛШ, е целта. Тоа го очекувам од тренерот Нико Ковач“ истакна Румениге.