За првпат во скојата кариера, романската тенисерка и некогашна лидерка на ВТА ранкингот, Симона Халеп од Романија е новата освојувачка на Вимблдон. Попладнево на централниот терен во женското финале, Халеп ја преслуша исто така некогашната светска тенисерка бр.1, Американката Серена Вилијамс со 2:0 (6:2, 6:2).

Целата приказна на женското финале на неофицијалнотос ветско пренство заврши за неполн час (57 минути). Халеп жестоко го почна мечот со предност од 4:0 во гејмови, па Серена не успеа да се врати освојувајќи само два гејма. Во вториот сет Американката водеше со 1:0 и 2:1 во гејмови, но потоа на сцена стапи фантастичната Халеп која со серија од 5.0 се искачи на тенискиот врв. Ова е вкупно втора Грен Слем титула за Романката, која минатата сезона го освои Ролан Гарос.