Веќе девет години и тие 16 милиони евра кои во 2010 година Интер ги плати на Лацио за Горан Пандев, е рекордот во висина на трансфер на некој наш играч. Дојде време ова лето таа сума да биде надмината, а Елиф Елмас ќе биде рекордерот со веројатни 18 милиони евра со кои Наполи ќе го купи фудбалерот на Фенербахче. Овој трансфер е веќе готов, останува само тимот од Неапол да се ослободи од вишокот играчи и да го официјализира „дијамантот“. Според последните информации тоа би требало да се случи во текот на следната седмица.