Огњен Кузмиќ, членот на Црвена Звезда се здоби со тешки повреди откако утринава направи собраќајна несреќа. Според најновите информации тој се наоѓа во вештачка кома во која ќе остане во следните два дена. Снимките покажале дека нема хематом на мозокот, но поради повредите на лицето и скршениците на вилицата мора да биде во вештачка кома.

На адресата на српскиот кошаркар постојано стигаат поддршка. На својот „Инстаграм“ профил се огласи и првиот човек на КФСМ, Перо Антиќ.