Секако дека е рано, многу рано, првенството во Втората лига – Исток не е ни започнат, секако дека тука е и силниот Тиквеш, но мора да се признае дека Брегалница со новиот спонзор Кире Гогов прави или има одличен тим. Како да “мириса“ на Прва лига во Штип.

Од друга страна кога овој клуб е во прашање ништо не се знае, историјата вели дека понекогаш самата Брегалница си е најголем протиник. Од друга страна имињата на играчите кои ги има на располагање тренерот Добринко Илиевски, гарантираат дека во сезоната што е пред нас, ќе водат силна битка со Тиквеш за тоа прво место во источната конкуренција.

Само да се потсетиме кој се беше во тимот на „сините“ на вчерашната пријателска со Работнички: Давков, Манев, Д. Стојанов, Мирчевски, Миленковски, М. Стојанов, Османовски, Бакрачески, Велинов, Пепи Георгиев, Наумов, играа и Пашовски, Рајков, Наумоски, Мицкоски, Шишков, Кудев, Рунтев. Тука се и повредените Гуцев и Настевски, а ќе има барем уште две квалитетни засилувања.