Елиф Елмас во Наполи. Трансферот е готова работа, се чека само на официјализација.

Вчера пишувавме дека Фенер и Наполи се договорија за висината на оштетата. Таа изнесува 16 милиони евра, со што тој ќе биде рекордер од македонските фудбалери по највисок трансфер. Претходно истиот тим го купи Горан Пандев од Интер за 7,5 милиони евра.

Во меѓувреме се појави и видео во кое навивачите на Наполи веќе му посакуваат добродојде на Елмас.