Викендов во Суботица се одржа традиционалниот боксерски турнир „Војводинска ракавица“ на кој настап имаа и македонски боксери и судии. Меѓу главните вести од турнирот е и еден непријатен удар кој го доби нашата боксерска судијка, Фросина Манева. За време на еден од натпреварите на турнирот, Манева доби еден залутан удар директно во главата, но машки го издржа.

Како што сме сведоци на боксерските дуели, Фросина издржа удар, кој и за многу боксери би бил фатален.