Во пријателски натпревар одигран попладнево, Вардар и Тиквеш ремизираа со многу голови, 3:3.

Убава средба во скопската населба Аеродром, со многу шанси и отворена игра од двете страни. Второлигашот од Кавадарци просто го намачи нашиот најтрофеен клуб и малку недостигаше да го победи зошто до 80.минута, имаше водство од 3:2.

Инаку Тиквеш поведе со голот на Иванов во 8. минута, четири минути подоцна Вардар израмни преку Реџепи, за да во 25. минута поведе и со 2:1 со голот на Најдовски.

Во финишот на првиот дел кавадарчани израмнија преку Ристовски, истиот играч му донесе водство на својот тим во 56. минута. Конечните 3:3 ги постави Трајчевски. Ова беше втора контрола за Вардар ова лето, а прва за Тиквеш.