Додека едни играат во Европа и веќе ги одработија тие најважни летни подготовки, останатите наши прволигашки клубови се веќе во своите летни бази или пак за ден-два ќе заминат. СПОРТМЕДИА ви претставува каде нашите клубови се подготвуваа или допрва ќе се подготвуваат.

Во Словенија беше Шкендија а ќе оди и Вардар, за разлика од лани кога имаше неколку наши клубови, овојпат само најголемите наши клубови престојуваа или ќе престојуваат во „дежелата“.

Шкупи пак, исто како и лани, беше во Болу (Турција) од каде отпатува во Ерменија, каде одигра 3:3 на првиот меч со Пјуник во квалификациите во ЛЕ.

Затоа Банско е нашата фудбалска „мека“. Таму беа по традиција Македонија ЃП и А. Пандев, Борец веќе игра пријателски а за ден –два ќе му се придружат и Работнички и Струга Трим Лум. Па може да си направат турнир или да одиграат меѓусебе.

Од друга страна за Ренова и Охрид нема многу што да се дискутира, тие и лете и зиме, кога станува збор за подготовките, не го даваат Охрид.