Како што пишуваат медиумите во Романија, а нашите превземаат, Симона Халеп, победничката на Вимблдон е со наши корени. Имено таа била Влаинка со потекло од Македонија, поточно од битолско Маловишта. Нејзините предци емигрирале пред повеќе децении и тоа во градот Констанца на Црното море, каде што е еден од најголемите влашки центри.

За еден од тамошните медиуми Халеп го изјавила следното…

„Тие се моќни жители по потекло од Македонија. Почитувани се од целата нашата заедница во Романија. Во целост ги почитуваат традициите на македонските Власи и не отстапуваат од нив. Мене влашкото ми е најсилно“ истакнува Симона. Таа ќе ја следи семејната традиција и ќе омажи за Влав а не за Романец. Инаку татко и бил некогашен фудбалер а дедо и починал пред неколку месеци. Токму тој бил роден во Маловишта.

Кога сме кај Халеп да споменеме дека таа вчера ја победи во финалето на Вимблдон Серена Вилијамс. Инаку Власи со потекло од Македонија, се и прочуените Георге Хаџи, најславниот фудбалер во Романија како и Џиџи Бекали, газдата на Стеауа.