Трансферот на Петар Петковски во романски Сепси пропадна. Не е позната причината, но неофицијално во прашање е измена на понудата.

Сега екс младинскиот репрезентативец и поранешен член на Вардар и на Работнички е блиску до Полска, до потпис со Сласк.

Двете страни се веќе во преговори, и деновиве ќе се знае дали Петковски ќе прифати да биде дел од Сласк и да игра во шампионатот на Полска.