Откако стана јасно дека англискиот репрезентативец Хари Мегваер утрово сам побарал да биде продаден ова лето од екипата на Лестер Сити, „лисиците“ веднаш тргнаа во акција да пронајдат негова замена. Британски „САН“ денеска излезе со информација дека Лестер веќе пронашол замена за Мегваер во името на Луис Данк од екипата на Брајтон.

Наводно „лисиците“ се согласиле да платат 45 милиони фунти за Данк, што е половина од сумата која ќе ја добијат за Мегваер од Јунајтед. Не е тајна дека Лестер ќе го пушти Мегваер да си оди, но Манчестер Ј. за него ќе мора да искешира 80 милиони фунти. Со тоа не само што ќе го добие англискиот репрезентативец, туку и ќе го собори светскиот рекорд за висина на трансфер на еден дефанзивец, кој засега е во сопственост на Вирџил Ван Дајк од Ливерпул.

27-годишниот Данк, кој кој целата кариера ја мина во Брајтон (со исклучок на една сезона кога бил позајмен во Бристол Сити) имаше 38 настапи за тимот минатата сезона.