Швајцарскиот тенисер Роџер Феререр по поразот во епското финале на Вимблдон од Новак Ѓоковиќ изјави дека ќе проба што побрзо да го заборави дуелот.

„Имав се, имав шанси… Имаше и тој. Мислам дека одигравме одличен меч. Ти честитам Новак, ова беше лудо возење. Искрено, се надевам дека што побрзо ќе го заборавам финалето“, изјави Федерер кој и на 37 години игра фантастично.

 

„Се надевам дека ќе им помогнам на луѓето да веруваат во себе, дека можат да и со 37 години да играат квалитетно. Да знаат дека на тие години не е се готово. Се чувствувам одлично, играм добро и се уште ме држат нозете“, рече Швајцарецот.