Веќе во вторник, во 17 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, Шкендија ќе го одигра реваншот од 1.квалификациско коло во ЛШ против Номе Калју.

Македонскиот шампион има предност од 1:0,но сите во клубот знаат дека ништо уште не е готово. Сепак мислите се победнички, тука се и Фелипе и Жуниор, па нека му ја мисли естонскиот тим.