Поранешниот ас на Милан Андреј Шевченко, е среќен поради враќањето на легендите Звонимир Бобан и Паоло Малдини во клубот, кои според него ќе донесат подобри денови за клубот.

„Бобан и Малдини се гаранција за подобра иднина. Мислам дека веќе почнаа новите позитивни работи како што е изградба на нов стадион. Сметам дека двајцата ќе го донесат Милан таму каде што припаѓа. Гледам само позитивно кон овој потег“, изјави Шевченко.

Тој ја поддржа идејата за Марко Џампаоло да биде назначен за нов тренер на екипата .

„Ми изгледа како тренер со многу идеји. Мислам дека е добар избор. Тимот ќе игра добро, но важно е да бележи и резултати. А мислам дека и тоа ќе дојде“, изјави Шевченко.