По враќањето од Ерменија  во Скопје, и по еднодневниот одмор кој им го даде тренерот Умит Каран, фудбалерите на Шкупи денеска се вратија на тренинзи. Тие својот прв „скопски“ тренинг во пресрет на реваншот со Пјуник, го одработија на стадионот на Чаир. Атосферата е добра, победничка, Шкупи има 3:3 од првиот натпревар и добра шанса да мине натаму. Што се однесува до играчкиот кадар нема добри вести. Имено повредените Бесар Исени, Бесир Рамадани и Енис Азизи и овој втор натпревар ќе го пропуштат поради повреда. Да потсетиме дека реваншот со Пјуник од 1.квалификациско коло во Лигата на Европа, се игра во четврток на Националната Арена „Тодор Проески“ со почеток во 20:30 часот.