Јасно е дека Вест Хем во своите редови сака да донесе напаѓач. На „мета“ на „чеканите“ се искусните Гонзало Игуаин и Диего Коста.

Игуаин е непосакуван во Јувентус, Коста исто така тешко дека ќе игра во Атлетико покрај Мората, па така Вест Хем посакува еден од нив.

Меѓутоа доколку не успее ниту со двајцата, тогаш планот „Ц“ е Себастиен Халер од екипата на Ајнтрахт Франкфурт. Халер беше на „мета“ и на некои други англиски клубови минатото и ова лето. Меѓутоа прашање е дали Ајнтрахт ќе се откаже од него, со оглед дека го продаде Јовиќ во Реал Мадрид, па во него гледа идеална замена.