Екипата на Вардар денеска пристигна во Рогашка Слатина и го одработи првиот тренинг во Словенија.

„Црвено-црните“ денеска во утринските часови пристигнаа во својата „база“, два дена пред предвиденото. Во четврток ќе го играат првиот натпревар со словенечкиот третолигаш Дравиња од Словенске Коњице.

Вардарци остануваат во Словенија до 2. август.