Иако полека ќе почне да ја ситни и четвртата деценија од животот, Кирил Лазаров не престанува да биде страв и трепет во ракометна Европа, а тоа му е одлично познато на Нант, кој одлучи во новата седмица токму нашиот капитен да биде „понеделничката мотивација“.

Па ако мислите дека Роџер Федерер на 37 години е импресивен со фантастичната игра во финалето на Вимблдон, ништо помалку не заостанува ниту Лазаров со своите 39 години, кој и натаму е рекордер по погодоци и во Лигата на шампионите и на големите натпреварувања…

„Имате ли пријател кој е исто вака флексибилен на 39 години…или не?“ – прашаа од Нант под сликата на македонскиот репрезентативец.