Попладнево со краткиот состанок во клупските соблекувални и првиот тренинг на теренот на Могила, Победа ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона во која клубот ќе се натпреварува во Втората лига-Исток.

Прилепчани ќе се обидат добро да се подготват пред новата сезона во која ги очекува предизвик за што подобар настап и можност во скоро време повторно да се вратат во фудбалската елита.