УЕФА само што го пушти во продажба првиот бран на билети за Европското првенство следната година, кое ќе се игра во 12 европски градови, а интересот за истите веќе ги урна рекордите.

„Куќата на фудбалот“ добила дури 19.3 милиони барања за само милион ипол билети колку што се пуштени во продажба во оваа прва фаза од 12 јуни до 12 јули.

Само за финалето кое е закажано на 12 јуни 2020 година и кое ќе се игра на стадионот Вембли во Лондон има барања за 1.9 милиони билети.

Следниот бран на билети ќе бидат пуштени во продажба на 30 ноември годинава за кога е закажана и ждрепката на групите. Во таа фаза милион билети ќе бидат пуштени во продажба.

ЕУРО 2020 ќе се игра во Глазгов, Даблин, Лондон, Билбао, Амстердам, Минхен, Рим, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Санкт Петерсбург и Баку, а полуфиналните натпревари и финалето се играат на „Вембли“.

Македонија е дел од квалификациите за ЕУРО 2020, а шанса да се најде на континенталниот собир има и преку Лига на нации, каде во финалето игра со Косово.