Дека може да има добра соседска соработка доказ е и потегот на раководството на Струга Трим Лум, кое пред два дена ја засили екипата на Лабуништа. Станува збор за младиот Арион Зиба, кој има само 17 години и еден е од најголемите таленти меѓу прволигашот од Струга.  Зиба за Лабуништа ќе игра како позајмен играч. Со него средниот ред на второлигашот, кој и во наредната сезона има високи амбиции  и тоа како ќе биде поквалитетен.