Александар Трајковски е блиску до договор со Спортинг Лисабон, објавија португалските медиуми. Тој треба да биде замената за Бруно Фернандес, кој ќе прави трансфер во Манчестер Јунајтед за околу 60 милиони фунти.

Токму Спортинг во него гледа идеална замена за португалецот.

Трајковски би потпишал четири-годишен договор со Спортинг. Договорот ќе биде потпишан следните денови, кога Фернандес ќе го официјализира својот трансфер во Манчестер.