Кавадаречкиот второлигаш од 19 до 26 јули ќе престојува во Маврово, каде ќе ја одработи најважната фаза во тековните летни подготовки.

Аспирантот за врвот на табелата во Втората лига – Исток за следната сезона, тимот на Тиквеш, во Маврово во тој период ќе одигра и два пријателски натпревари и тоа со силни противници.

На 20 јули закажан е дуел со Динамо Врање, екипа од Србија, додека на 24 јули момците на тренерот Љупчо Димитковски се среќаваат со Ренова.

Да потсетиме дека кавадарчани вчера во Скопје против Вардар, одиграа одлични 90.минути притоа ремизирајќи со резултат 3:3.