Во трката да пронајдат ново засилување во нападот по заминувањето на Арнаутовиќ, во Вест Хем сега тргнаа по напаѓачот на Торино, Андреа Белоти. Како што објави торински „Тутоспорт“, „чеканите“ веќе доставиле понуда тешка 60 милиони евра за напаѓачот кој минатото лето беше исклучително популарен на трансфер пазарот, за на крај да остане во редовите на „биковите“.

Од Италија се вели дека Торино веднаш ја одбил понудата, но Вест Хем нема да се откаже па утре ќе оди со нова, зголемена. Таа сигурно нема да биде во висина на оние 100 милиони евра кои за Белоти ги бара Торино, но ќе биде повисока од оваа денешната.