Крилниот кошаркар на Филаделфија, Бен Симонс, се договорил со 76-тките за нов договор во времетраење од 5 години кој ќе му донесе максимални 170 милиони долари.

Менаџерот на Австралијанецот, Рич Пол, потврди дека е постигнат договор со раководството на Филаделфија и дека неговиот клиент две години пред истекот на неговиот руки-договор ќе ја обнови соработката со клубот од Пенсилванија.

Симонс во 2016 година беше избран за прв пик на НБА драфот.