Актуелниот шампион го одржа последниот тренинг пред утрешниот реванш меч со естонски Номе Калју во 1. елиминациско коло од ЛШ. На Националната арена, попладнево во Скопје тетовци полека ја глазираа формата и тактиката за утрешниот меч. Забележлив беше оптимизмот и насмевките на лицата на фудбалерите, кои се едногласни дека утре очекуваат потврда на победата од првиот меч и пласман во 2. коло.