Македонскиот шампион МЗТ Скопје на денешниот состанок на челниците на Јадранската лига ги дознаа и противниците, како и календарот за новата сезона во АБА 2 лигата.

Втората по квалитет јадранска лига засега брои 11 учесници, па покрај МЗТ потврдени се уште и Рогашка, Хелиос Санс, Спарс, Широки Брег, Борац, Нови Пазар, Динамик, Ловќен и Сутјеска, додека последното место ќе биде пополнето со посебна покана од АБА.

„Металците“ сезоната ја стартуваат викендот 2-4 октомври на домашен терен против тимот кој ќе добие „вајлд-карта“, а пред својата публика го завршуваат и регуларниот дел од сезоната. Последното, 22. коло го играат против Ловќен, периодот 10-12 март следната година. Сезоната треба да финишира на средината на април 2020.

Комплетниот распоред на МЗТ за новата АБА 2 лига може да го видите ТУКА.