По освојувањето на Вимблдон по петтипат, Новак Ѓоковиќ вели дека има само уште три неостварени желби по кои може да ја заврши кариерата.

Првата желба е Олимписко злато. Се останато Ноле освои макар по еднаш. Го има секоj Грен Слем, секој мастерс турнир, има трофеј во Дејвис Купот, па му остана само уште златото од Олимписките игри.

Втората желба е да го престигне Роџер Федерер на листата на освојувачи на Грен Слем трофеи. Сега разликата е четири во полза на Швајцарецот, но тој вeќе е во залезот на кариерата, а Ѓоковиќ пред себе има уште неколку години за врвни настапи.

Третата и последна желба на светскиот рекет бр. 1 е да биде рекордер по бројот на недели поминати на врвот на АТП листата. Овој понеделник Ѓоковиќ ја почна и 260. недела на врвот на светскиот тенис. Пред него се Џими Конорс (268), Иван Лендл (270) и Пит Сампрас (286). Сепак, рекордот и овде го држи Федерер со импресивни 310 недели на врвот на светската ранг-листа.