„АС“ носи ексклузива. Барселона до ПСЖ испратила понуда од 300 милиони евра, но францускиот првак ги одбил. Каталонскиот гигант во замена за Бразилецот ги понудил Куитњо и Дембеле и 40 милиони евра. Шпанскиот тим за првиот играч минатата година плати оштета од 145 милиони, а додека за вториот 125 милиони евра, што значи дека понудата е од 310 милиони евра.

И покрај ова првиот човек на францускиот првак Насер Ал Келаифи ги одбил, не сака фудбалери, сакал кеш, и тоа околу 300 милиони евра.

Ако се земе во предвид дека Барселона мораше да плати за Антион Гризман 120 милиони евра, платата на Нејмар и од 24 милиони евра за Каталонците ќе биде невозможна мисија.