Зрињски Мостар од БиХ, е клубот кој ја доби „валјд-картата“ за учество во АБА 2 лигата за следната сезона и со тоа стана јасно дека тие ќе бидат првиот ривал на МЗТ во новото јадранско натпреварување.

По фузијата на Олимпија со Цедевита, која требаше да биде последниот учесник во АБА 2 едно место остана слободно, а челниците на Јадранот, се одлучи поканата да ја додели на Зрињски Мостар.

Според календарот во АБА 2 кој беше објавен вчера, МЗТ Скопје во првото коло ќе го пречека Зрињски Мостар во СЦ „Јане Сандански“ на 2/4 октомври.