Роџер Федерер нема да настапи на Роџерс купот во Монтреал, односно Швајцарецот одлучи да се повлече од овој АТП турнир.

За многумина причината за ваквата одлука е исцрпувачкиот настап на Вимблдон и поразот во финалето од Новак Ѓоковиќ во епскиот меч кој траеше пет сета и се играше повеќе од пет часа. Сепак Федерер потенцира дека одлуката за повлекување за донел цела недела претходно.

Роџерс Купот стартува на 5. август, каде машкиот турнир се игра во Монтреал, а женскиот турнир во Торонто.