Највите се остварија. Матијас де Лихт вечерва слета во Торино. Младиот фудбалер утре ќе оди на лекарски прегледи, а потоа ќе стави потпис на договорот со Јувентус.

Италијанскиот првак на својата официјална страница објави кратко видео од пристигнувањето на Де Лихт, кој во таборот на „Старата дама“ доаѓа за сума од 75 милиони евра.