На ватерполо турнирот на Светското првенство во водени спортови во Гвангжу, женскиот национален тим на Јужна Кореја е тотален аутсајдер, но сепак учестува на планетарниот турнир. Уште по првото коло запишаа антирекорд со поразот од 0:64 во дуелот со Унгарките.

Корејките не се професионални ватерполистки, туку екипата е составена од пливачки на кратки и долги патеки кои се собраа и тренираа еден пред да почне турнирот. Во вториот меч Корејките во дуелот со Русија постигнаа гол кој побуди огромни емоции како меѓу ватерполистките така и на трибините. Во моменти кога Русија водеше со 27:0, 17-годишната Дасел Кунг го погоди противничкиот гол по што следуваше огромна радоста како на стрелецот на голот, така и кај селекторот како и кај колешките на трибините кои плачеа од радост.