После шокантната елиминација од Номе Калју во 1. квалификациско коло, македонскиот шампион Шкендија се сели во Лигата на Европа и тоа во 2. квалификациско коло. Противник ќе му биде луксембуршкиот Дуделанж кој вечерва испадна во дуелот со малтешка Валета. Првиот меч во Луксембург заврши 2:2, а вечерва на Малта резултатот беше 1:1, па поради повеќе голови во гости Валета патува во 2. квалификациско коло на Лигата на шампионите, а Дуделанж се префрла во Лига Европа и на дуел со Шкендија.

Дуделанж е добро позната клуб за македонската јавност затоа што двапати играше против македонски клубови. Во 2002/03 играше со Вардар во квалификациите за ЛШ и беше елиминиран со вкупни 1:4, а во 2006/07 изгуби од Работнички со вкупни 0:1 исто така во квалификациите за ЛШ.

Да додадеме дека овој клуб лани играше во групната фаза на Лига Европа.