Црвена Звезда ја совлада Судува со 2-1 и се пласираа во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Пред стартот на мечот, фановите на српскиот тим, „Делии“ испратија порака до Синиша Михајловиќ, некогашниот член на овој клуб, како и до Огњен Кузмиќ, играчот на кошаркарскиот тим.

Стратегот на Болоња откри дека има леукемија и веќе почна со терапија, а додека на Кузмиќ, кој е во вештачка кома ќе му биде извршена опрација на вилицата.

„Синиша победи, Кузмиќ издржи“, ечеше на стадионот „Рајко Митиќ“.