Фудбалерите на Номе Калју, ривалот на Шкендија во квалификациите во ЛШ, дел од слободното време го искористија за прошетка низ Скопје. Тие не криеја дека се задоволни од тоа што гледаат, така да често си се фотографираа. Веројатно за долго сеќавање, зошто знаат добро што ги чека попладнево против нашиот првак.

Да потсетиме дека нивниот тренер Роман Кожуховски на вчерашниот прес најави дека не размислуваат однапред да се предадат. Е сега дали тој со тие изјави сам себе си се храбреше или ги храбреше своите играчи.

Останува да се види.