Легендарниот шпански голман Икер Касиљас би можел да се врати меѓу стативите во следната сезона и со тоа ги негираше најавите за крај на кариерата.

По срцевиот удар на тренинг на 1. мај сите мислеа дека тоа е крај за голманот, но тој останува во екипата на Порто и ќе има посебна улога, односно ќе биде врската меѓу стручниот штаб и играчите, а не е исклучена ниту можноста за враќање на голот.

„Ќе работам нешто друго во однос на она што сум навикнат. Зборувавме со тренерот за мојата ситуација и за тоа дека сака да останам во екипата, близу до младите играчи, затоа што има многу промени во тимот сезонава. Ќе дадам се од себе да помогнам“, изјави Касиљас и додаде „Веќе неколку недели тренираме. Има доволно време до првиот официјален меч, но се надевам дека ќе имаме одлична сезона. Сакаме да ја освоиме лигата и Купот, и да напредуваме во Европа.“