Тренерот на Номе Калју Роман Кожуховски по мечот истакна задоволство од триумфот, особено што вчера на прес-конференција некако како да почувствувал дека неговиот тим може да дојде до победа.

 „И вчера на прес-конференцијата најавив дека дојдовме тука да победиме. Мислам дека моите момци повеќе ја сакаа победата. Од меч во меч ја креваме формата. Им благодариме на навивачите за аплаузот по средбата“, изјави Кожуховски.