Кошаркарот на Црвена Звезда и репрезентативец на Србија, Огњен Кузмиќ кој доживеа тешка собраќајна несреќа и натаму е во Ургентниот центар во Белград. Неговата ситуација е непроменета. Како што информира „Блиц“ Кузмиќ во следните неколку денови ќе биде префрлен во друго оделение поточно на максилофацијална хирургија.

„Го чека комплицирана операција, неговата вилица е целосно уништена“, за „Блиц“, изјави близок член на неговото семејство кој сакал да остане анонимен.

Лекарскиот тим задолжен за кошаркарот одлучи утре да му биде направена операција на горната вилица со која би се отстраниле проблемите поврзани со неговото дишење. Кузмиќ и натаму се наоѓа во вештачка кома, во спротивно нема да може да ги издржи болките.