Тешка ждрепка за македонските претставници, Металург и Куманово во ЕХФ купот во женска конкуренција, денеска во Виена.

Двата тима настапот го започнуваат во првото квалификациско коло, а среќата не им се насмевна со оглед на тоа дека Металург ќе се соочи со полски Метрако Заглебие Љубин, додека ЖРК Куманово за ривал го има чешкиот клуб Славија Прага.

Првите натпревари и Металург и Куманово ги играат на домашен терен на 7/8 септември, додека реваншите се закажани за една недела подоцна (14/15 септември).

Доколку успеат да обезбедат пласман во 2. квалификациско коло, дамите на Металург ќе играат со Сторхамер од Норвешка, а Куманово за противник би го имал дански Одензе.