Производителите на популарната електронска игра ФИФА 20 која треба да биде пуштена во продажба есеноска мора да го менува името на италијанскиот шампион Јувентус. Торинскиот клуб потпишал милионски договор со големиот конкурент на ЕА Спортс – Конами, кој пак ја произведува другата популарна фудбалска игра Pro Evolution Soccer 2020. Па така Конами ги има ексклузивните права на името, логото и стадионот на Јувентус.

Тоа значи дека ФИФА 20 ќе го тргне името и логото на Јувентус од својата игра, па така италијанскиот шампион ќе го носи името Piemonte Calcio.