По двата убедливи порази на стартот на Европското првенство Б Дивизија од Португалија и Белгија, нашата младинска репрезентација го запиша првиот триумф на ова натпреварување.

Се чини одморот дојде во вистинско време, избраниците на Дарко Радуловиќ забележаа убедлива победа над Луксембург од 93-64 (23-18, 24-17, 26-12, 20-17) во рамките на третото коло.

Дамјан Крстевски со 22 поени и шест скока беше прв стрелец, зад него бепе стандардниот Лука Стојановски, кој запиша 14 поени и скока.

Младинците отворија со серија од 7-0, противникот се врати брзо, па во првата четвртина се водеше изедначена битка од која „црвено-жолтите“ извлекоа позитива од пет поени (23-18), а потоа на полувремето истата беше двоицфрена 47-35.

По одморот веќе беше полесно, нашите момци влегоа во ритам и постојано го зголелуваа водството, на крајот дојдоа до убедлив триумф.

Македонија утре игра против Словачка, ова е последниот меч од групната фаза.