Италијанската полиција изминатиот викенд направи голема акција во Торино и неговата околина.  Целта била група на екстремистички навивачи на Јувентус, а кај сите нив се пронајдени неонацистички симболи и многу оружје: ножеви, пиштоли, митралези, гранати… Во еден хангар на мал аеродром во Павија бил пронајдена и голема ракета донесена од Катар. Ракетата во себе имала експлозив, а била произведена во Франција, пренесува „Еуроњуз“.