Видно разочаран, тренерот на Шкендија Ќатип Османи после натпреварот ја потврди лошата игра на неговите момци, и влегувањето премногу самоуверено и самобендисано, на крајот беше казнето од Номе Калју.

„И после првиот меч многу често ја споменувавме таа наша реализација која се покажа недоволна и на овој меч. Бледо прво полувреме, второ можеби малку подобро, но недоволно за победа. Ние денеска и во таа дуел игра секогаш доцневме, немавме адекватен тајминг, без агресивност и резултатот е губење на натпреварот.

Вистина е дека имаме квалитетни индивидуалци во средниот ред, кои понекогаш прават грешни потези. Но идејата ми беше со кратки пасови да дојдеме до гол. На полувремето им кажав дека играме многу бавно, дека треба да играме побрзо.

Нашиот фокус беше по прекините, каде ја анализиравме. Во Талин не дојде до израз, но тука дојде. Едноставно, влеговме многу самоуверено, самобендисано, и тоа ни се одмазди“, рече Османи по мечот.