Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев на 51. место за заврши настапот на десет километарската трка на Светското првенство Гванжу во Јужна Кореја, со време 1:52.43.00 часа.

Нашиот маратонец имаше време кое за околу пет минути беше послабо од победникот на трката на која победи Германец Флоријан Велброк, а во која учествуваа 73 пливачи, од кои 63 го завршија настапот.

Евгениј Поп Ацев ќе настапи и на 19. јули на трката на 25 километри.